Првиот носител Роџер Федерер лесно влезе во четврт-финалето на домашниот Свис индорс турнир во Базел по 6:1/6:3 победата над Французинот Беноа Пер.
36-годишниот шесткратен шампион на турнирот во неговиот роден град, го освои првиот сет за 23 минути, освојувајќи 70 отсто од поените на прв сервис, пред да го заврши мечот за помалку од еден час без ниту еднаш да се соочи со брејк-поен.
Одличен беше и Хуан Мартин дел Потро, двократниот шампион на турнирот, откако со 6:4/6:4 победи уште еден Французин, Жулиен Бенето за да обезбеди дуел со Шпанецот Роберто Баутиста Агут.
„Играв навистина добро. Но, морам да бидам и подобар, бидејќи Баутиста е еден од најопасните тенисери на турнејата“, вели Дел Потро.
Аргентинецот е 14. на АТП трката за Лондон и има шанси да го освои последното место на турнирот за најдобрите осум оваа година, ако ја освои титулата откако Пабло Карењо Буста загуби во второто коло во Виена.
Easy does it for @rogerfederer ?
Federer beats Paire 6-1 6-3 in under an hour.#swissindoors pic.twitter.com/vO2XrfF1JQ
— Tennis TV (@TennisTV) October 26, 2017