Роџер Федерер вели дека нема проблем со тоа што фановите ја знаат неговата адреса во Ботминген, Швајцарија и што му праќаат писма секој ден, велејќи дека уште ги разгледува и ги потпишува најдобирите.
„Секој кој ќе ми прати писмо и ќе прати коверта со маркичка за враќање обично добива одговор. Ова го ракуваат моите родители и добивам околу 15 до 20 писма неделно. Мојот татко секогаш ми ги покажува најдобрите писма и јас ги потпишувам“, вели Федерер во интервју за „Кредит свис“.
Федерер исто така има свој одговор на прашањата зошто е толку омилен во светот на тенисот.
„Честопати слушам дека љубовта доаѓа од начинот на кој играм тенис, односно бидејќи сум симбол на мост меѓу старата и новата генерација на тенисот. Некогаш велат дека е поради тоа како се претставувам на теренот. Кога ми одеше добро, луѓето ме почитуваа. Кога работите не беа најдобри, тие велеа, видете и тој мора да загуби мора да е тешко. Мислам дека добив повеќе фанови кога губев“, вели Федерер.
Доколку некој сака да му прати писмо, ова е адресата на Роџер:
Roger Federer,
Postfach CH-4103 Bottmingen, Switzerland