Top Sport

Федерер донираше 15.000 таблет-компјутери за училиштата во Африка

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер е во Африка каде преку неговата фондација му помага на локалното население. Швајцарецот утре ќе одигра егзибициски меч со Рафаел Надал, во Кејптаун. Неговата мајка е родена во Јужна Африка, па затоа Федерер уште од 2003 година собира пари за образувањето деца во Јужна Африка.

Во меѓувреме неговата фондација им помогна на околу милион ипол деца во Африка. Вчера тенисерот имаше средба со претседателот на Намибија и му го презентирал двегодишниот план на својата фондација. Поради фактот што градинките не се обврзни во Намибија, децата имаат потешкотии кога тргнуваат на училиште.

Токму поради тоа, Федерер и неговата фондација обезбедија 15.000 таблети кои ќе им помогнат на учителите при едукацијата на децата.

Доколку овој проект успее, фондацијата на Федерер ќе се прошири со делување и во Боцвана, Малави, Замбија и Зимбабве.

Scroll to Top