Top Sport

Федерер е незадржлив во родниот Базел, на чекор е до 10. титула

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер се пласираше во финалето на турнирот во Базел откако денеска во полуфиналниот дуел на двапати со по 6-4 славеше над грчкиот тенисер, Стефанос Циципас. Така Федерер се пласираше во 13-тото финале во низа (вкупно ги има 15) во родниот град. Тој ќе се бори за 10-тата титула на овој турнир.

Денешниот триумф на Швајцарецот над Циципас беше 23-та победа во низа во Базел. Вкупно во швајцарскиот град Федерер има 74 победи и само 9 порази.

Противник во финалето ќе му биде 20-годишниот Австралиец Алекс Де Минор кој денеска, во првото полуфинале по голема борба славеше со 2-1 (7-6 6-7 7-6) против Американецот, Рајан Опелка.

Утрешното ќе биде 157. финале во кариерата на Федерер, додека Де Минор ќе го игра своето шесто финале.

Scroll to Top