Швајцарската заедница на глуви објави дека 19-кратниот гренд слем шампион, Роџер Федерер е избран за „знак на годината“. Гестот го имитира традиционалното врзување на лентата околу главата на Швајцарецот пред секој меч.
Федерер го наследува Доналд Трамп, откако американскиот претседател беше „знак“ на 2016 година – со имитирање на неговата уникатна фризура.
Федерер се заблагодари за наградата и покани неколку члена на заедницата да му помогнат да научи неколку едноставни реченици со знаковниот јазик.