Top Sport

Федерер го декласира Бердих

Роџер Федерер е последниот полу-финалист на Отвореното првенство на Австралија во тенис. Швајцарецот, лесно, во три сета (7:6, 6:3, 6:4) за два ќаса и 18 минути го победи Чехот Томаш Бердих.

Федерер го продолжува походот кон одбрана на титулата во Мелбурн, откако во четврт-финалето славеше против редовниот муштерија Бердих. Швајацрецот ја запоша јубилејната 20.победа во нивниот 26.меч.

Првиот сет беше проблематичен за Федерер, сет кој како и многу пати во минатото покажа дека Бердих никогаш не бил психички силен кога игра против оние од самиот врв на светскиот тенис.

Чехот влезе фуриозно во мечот, направи брејк имашр водство од 3:0, потоа водеше и со 4:1 и 5:2, но сетот по еден час игра му припадна на Федерер.

Федерер откако успеа да избори тај-брејк, потоа во 13.игра го декласира Бердих со 7:1 за предност во сетови од 1:0.

Швајцарецот потоа експресно за 35 минути, со еден брејк, го доби вториот сет 6:3, а во третиот иако Бердих веднаш успеа да го врати загубениот сервис немаше ниту сила, ниту знаење да му се спротвстави на Федерер.

Федерер за пласман во финалето ќе игра протв сензацијата од Јужна Кореја Хјеонг Чунг. 21-годишниот Кореец во полу-финалето со 6:4, 7:6, 6:3 го победи Американецот Тенис Сандгрен.

Scroll to Top