Ју-Ес опен стигна до полу-финалето, но главна тема во светот на тенисот и понатаму е дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер, во осмина-финалето, во финишот на првиот сет без намера ја погоди судијката со топчето во пределот на вртот. Организаторот ги почитуваше правилата и го исфрли од турнирот.
Навивачите на Ѓоковиќ не можат да се помират со неговата дисквалификација, бараат снимки од минатото во кои, во слични ситуации се наоѓаат неговите најголеми ривали РРоџер Федерер и Рафаел Надал.
Една таква снимка се појави пред два дена. Федерер во 2006 година на Австријан опен, со топче силно погоди едно од момчињата задолжени за собирање на топчињата. Швајцарецот не доби ниту опонема од судијата.
За ситуацијата од пред 14 години на „Твитер“ проговирил Хит Џемисон.
„2020? Ѓоковиќ ја погоди судијката и го исфрлија од Ју-Ес опен.
2006: Федерер направи трик ме погоди со топчето во она место. Ми кажа: ‘мораш да бидеш подготвен’ и само се насмеја. Роџер поминаа 14 години време е да се извиниш“, напишалк Џемисон.
2020: @DjokerNole hits line umpire…disqualified from the US Open
2006: @rogerfederer does a trick shot and hits me in the??…says “you got to be ready” and has a chuckle
It's been 14 tough years, Roger, is it time for an apology?#justiceforheath https://t.co/qQfG9uPEFM
— Heath Jamieson (@heath_jamieson) September 9, 2020
Федерер во 2006 година го освои Австралијан опен, во финалето го победи Маркус Багдатис.