Top Sport

Федерер го „прегази“ Шаповалов и ќе игра финале во Мајами против Иснер (видео)

Швајцарецот Роџер Федерер се пласираше во финалето на Мастерсот во Мајами, откако по само 74 минути игра лесно го совлада Денис Шаповалов со 2-0 во сетови, 6-2, 6-4.

Федерер доминираше во првиот сет против 19-годишниот Канаѓанец кој е 23-ти тенисер на светската АТП листа. Со рутинирана игра швајцарскиот ас доминираше и во вториот сет, па со голем дел зачувана сила, закажа финале во Мајами против домашниот тенисер Џон Иснер.

Федерер ќе се бори за 101. титула во кариерата.

Scroll to Top