Top Sport

Федерер го загуби првиот меч, Светот првпат поведе против Европа

Роџер Федерер го загуби првиот од двата планирани денешни мечеви во Чикаго, за да дозволи Светот да стигне до 8:7 водство во Лејвер купот, прво во историјата на натпреварувањето.

Американците Џон Изнер и Џек Сок спасија две меч-топки за да стигнат до драматична победа од 4:6/7:6(2)/11:9 над Федерер, кој играше во двојки со Германецот Александер Зверев. Во второто издание на Лејвер купот, ова е првпат Светот да води во дуелот со Европа.

Федерер повторно ќе излезе на теренот против Изнер во меч во сингл, а до крајот на натпреварувањето остануваат и дуелите Зверев-Кевин Андерсон и последниот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос.

Scroll to Top