Легендарниот американски тенисер Џими Конорс амета дека Новак Ѓоковиќ е далеку пред Роџер Федерер и Рафаел Надал. Ѓоковиќ досега има освоено 23 Грен слем титули, Надал има една помалку, додека Федерер има 20.
„Многу луѓе мислат дека е дојден до точка каде што му е доста. За мене тоа е ср..е. . Погледнете ги сите тие луѓе кои сметаат дека Надал и Федерер се најдобрите во историјата, а тие не се најдобри ниту во нивната ера“, рече Конорс, кој потоа се осврна на фактот дека Ѓоковиќ не треба да размислува за крајот на својата кариера.
„Луѓето мислат дека му е доста и дека е време да дојде некој друг. Јас на тоа гледам од друга страна. Велам: „Убиј го“. Остани на теренот и играј додека некој не дојде и не те скрши, бидејќи секогаш имаш шанса “, заклучи Конорс.