Мечот што Роџер Федерер и Александар Зверев го одиграле во Мексико Сити го следеле 42.517 гледачи. Ова е светски рекорд според бројот на гледачи на еден тениски натпревар.
Претходниот рекорд бил во сопственост на Серена Вилијамс и Ким Клајстерс, чии меч во Белгија го гледале 35.681 луѓе.
Според прогнозите овој рекорд набргу ќе биде срушен. Во февруари наредната година егзибициски меч во Кејптаун, во Јужна Африка ќе одиграат Роџер Федерер и рафаел Надал.
Roger Federer and Alexander Zverev have a set a new World record: 42.000 people attenting their exhibition match in Mexico City ? pic.twitter.com/dszt5TFQBo
— We Are Tennis (@WeAreTennis) November 24, 2019