Роџер Федерер го декласира сонародникот Стан Варинка на мастерсот во Индијан Велс. Федерер за помалку од еден час игра победи во два сета 6:3, 6:4.
Федерер на тврда подлога против Вавринака има неверојатн скор 17-0, додека во меѓусебните дуели води со 22-3.
Роџер успеа да ја забележи петата победа во низа, сметајќи го и турнирот во Дубаи, без притоа да загуби сет.
Одличниот сервис му го отвори патот кон победата на Федерер. Вавринка ниту еднаш не освои повеќе од два поени на сервисот на противникот. Исто така, Федерер, имаше добра реализација на брејк шансите, во првиот сет ја искористи четвртата, а во вториот втората топка за брејк.
Федерер во осмина-финалето за противник ќе го има Британецот Кајл Едмунд.
Осмина-финалните мечеви на мастерсот во Индијан Велс на програмата се во среда, а покрај дуелот помеѓу Едмунд и Федерер ќе играат: Надал-Крајиновиќ, Хуркач-Шаповалов, Нишиока-Кецмановиќ, Штруф-Раониќ, Изнер-Хачанов, Карловќ-Тим и Колшрајбер-Монфилс.