Роџер Федерер ќе го исполни ветувањето и ќе се врати во Богота каде ќе игра на егзибицијата со Александар Зверев.
Швајцарецот и Германецот требаше да играат во главниот град на Колумбија во ноември, но дуелот беше откажан поради нестабилната политичка ситуација во државата. Федерер потоа изјавил дека го уништиле емоциите и дека бил под стрес.
Сега од неговиот тим соопштија дека Швајцарецот ќе се врати во Богота. Точниот датум на мечот е 24 март наредната година, веднаш по завршувањето на мастерсот во Индијан Велс. Ривал ќе му биде Зверев.
Организаторите објавија дека сите оние што купиле карти за откажаниот меч, истите ќе можат да ги искориста во март.