Top Sport

Федерер лесно со Чунг, Чориќ го победи Андерсон

Роџер Федерер избори пласман во полу-финалето на мастерсот во Индијан Велс. Швајцарецот во четврт-финалето го победи Хјеон Чунг од Јужна Кореја со 2:0 (7:5, 6:10 за 83 минути игра.

Бранителот на титулата мечот го започна со брејк и брзо водство од 3:0. Меѓутоа најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната успеа експресно да одговори, израмни на 3:3.

До крајот на сетот двајцата тенисери водеа голема борба на теренот. Првиот сет Федерер го реши со брејк во 12.гем.

На стартот од вториот сет Чунг пропушти четири шанси за брејк по што неговата игра целосно се распадна, а Федерер рутински го заврши мечот.

Федерер за пласман во финалето ќе игра против Борна Чориќ. Хрватот по голема борба успеа во три сета (2:6, 6:4, 7:6) да го победи Јужноафриканецот Кевин Андерсон.

Scroll to Top