Top Sport

Федерер лесно против Гаске, ќе оди директно во финале?

Роџер Федерер лесно го победи францускиот ривал Ришар Гаске со 7:5/6:4 во четврт-финалето на Мастерсот во Шангај, за да ја забележи 16-тата победа во 18 дуели со Гаске, по што се појави можност директно да се пласира во неделното финале.

Хуан Мартин дел Потро го победи Виктор Троицки, враќајќи се од еден сет негатива за 4:6/6:1/6:4 победа, меѓутоа во мечот повторно го повреди зглобот на левата рака, и вестите од Кина велат дека е голема можноста тој да се повлече од турнирот.

Аргентинецот падна на раката на стартот на третиот сет во тесното четврт-финале, а по добивањето на медицинска помош, не играше двоен бекхенд за да избегне дополнителна повреда на зглобот кој двапати го оперираше.

Во второто полуфинале ќе играат Рафаел Надал и Марин Чилиќ, откако Шпанецот со 6:4/6:7(4)/6:3 го победи Григор Димитров, додека Чилиќ со 6:3/6:4 беше подобар од Алберт Рамос-Вињолас.

Scroll to Top