Италијанскиот тенисер Лоренцо Сонего открива дека идол му е Роџер Федерер, но признава дека би сакал да има удари како Новак Ѓоковиќ. Младиот италијански тенисер му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на српскиот ас, на турнирот во Виена.
„Новак ме пофали по мечот, но не разговаравме многу. Драго ми е поради комплиментите кои ми ги упати и неговиот тренер, Иванишевиќ. Со иста желба ќе играм и во иднина, против било кого. Не дозволувам името на ривалот да ме деконцентрира“ вели Сонего.
Тој открива на кого се угледува.
„Отсекогаш идоли ми биле Федерер и Цонга, сепак ако можам да украдам некој удар, тоа е ритернот на Ѓоковиќ“ признава Сонего.