Top Sport

Федерер: Моите деца ќе се спортисти само ако имаат силна волја

Роџер Федерер е најуспешниот тенисер во историјата со 19 гренд слем титули и желбата за победа не го напушти и на 36 години, така што не зачудува што тој решил да „игра строго“ со своите деца ако сакаат да станат професионални тенисери.

Федерер и неговата сопруга Мирка имаат два пара близнаци – ќерките Мајла и Шарлин, кои го прославија осмиот роденден во август и синовите Лео и Лени, кои во мај ќе наполнат три години. Ако сакаат да станат тенисери, или друг тип на спортисти, Роџер има еден совет – морате да се потрудите.

„Сакам да уживаат во спортот кој ќе го изберат, и ако се обидуваат доволно, не само да го трошат времето, да ги трошат парите и да го трошат туѓото време, можат да бидат спортисти. Ако сакаат да се спортисти мораат да го направат тоа со страст и јас ќе ги поддржувам во било што. Не мора да станат тенисери“, вели Федерер.

На прашањето што би правел ако не станал тенисер, Швајцарецот вели дека гледал иднина во фудбалот.

„Кога имав 12 години избрав меѓу тенисот и фудбалот. Секогаш ја кажувам приказната дека ако не бев тенисер ќе бев фудбалер. И покрај сè, уште го следам фудбалот со страст“, додава Швајцарецот.

По одлуката да не игра на Мастерсот во Париз, Федерер во вторник ќе игра со Енди Мареј во егзибициски меч во Глазгов.

Scroll to Top