Top Sport

Федерер: Надал секогаш бил подобар од мене на земја

Роџер Федерер не сакаше да одговори на „шегата“ на Рафаел Надал дека го избегнува во дуелите на земјена подлога и наместо тоа го пофали Шпанецот за неговата апсолутна доминација на оваа подлога.

Швајцарецот има само две победи против Надал на земја, на Хамбург опен во 2007 и на Мадрид опен во 2009 година, а оваа година исто како и минатата, ја прескокна целата сезона на земја.

„Јасно е дека Рафа секогаш имал предност на земјена подлога и резултатите го покажуваат тоа. Се обидов да направам толку работи во тие мечеви, да сменам нешто во бекхендот, во тактиката, но тој ги имаше сите одговори на земја. На другите подлоги мислам дека сме доста израмнети, но тука доминираше. Неговото движење е толку импресивно и совршено одговара на земјата. Морам да си дадам шанса да освојувам турнири во овој дел од кариерата и затоа беше најдобро да ја прескокнам сезоната на земја“, изјави Федерер.

Рафа: Федерер бега од мене на земја

 

Scroll to Top