Top Sport

Федерер: Одбив да играм двојки со Надал, едноставно беше погрешно

Роџер Федерер вели дека одбил понуда да игра во двојки со Рафаел Надал уште пред една деценија поради лутото ривалство кое го имаше со Шпанецот.

37-годишниот Федерер требаше да игра првпат заедно со Надал во Лејвер купот, но поради повреда тоа не се случи, и сега Швајцарецот открива дека сличен план имало и пред 10 години.

„Рафа ме праша да играме во двојки, мислам на индорс турнирот во Мадрид, но тогаш тоа ривалство беше толку жестоко, што мислев дека се работи за погрешна работа. Како што се вели, можеше да има конфликт бидејќи тоа не беше нешто што треба да го правиме.  Ќе беше одлично за тенисот и ќе изненадеше многумина. Луто ривалство, а сега се пријатели, мислам дека новинарите ќе не распнеа. Тогаш тие сакаа ние да сме непријатели, а не пријатели. Денеска, сите забележуваат дека работите се поопуштени“, вели Федерер.

Scroll to Top