Top Sport

Федерер по откажувањето на Вимблдон: Нема ГИФ за моето чувство

Роџер Федерер е крајно разочаран од вестите дека неговиот омилен турнир Вимблдон е откажан поради пандемијата на корона вирусот, бидејќи го планираше турнирот за камбек по операцијата на коленото.

Денеска, официјално, Ол-Ингланд клубот го откажа 134. издание на Вимблдон шампионатот, кој ќе се оддржи од 28 јуни до 11 јули 2021 година.

„Нема ГИФ за моето чувство“, објави Федерер на Твитер јасно покажувајќи го разочарувањето што не може да оди на осма титула од Вимблдон.

Тој не беше единствениот кој беше разочаран. Серена Вилијамс на Твитер напиша: „Се потресов“, додека тинејџерката Коко Гоф посочи: „Ќе ми недостасува Вимблдон. Останете безбедни момци и девојки“.

Сега е и официјално – Вимблдон е откажан првпат по Втората светска војна

Scroll to Top