Top Sport

Федерер: Посакувам злато на ОИ во Токио

Роџер Федерер ќе бил многу мотивиран на Олимписките игри во Токио. Целта на Швајцарецот ќе биде освојувањето на златниот медал.

Во богата колекција на трофеи Федерер нема златен медал во синг на Олимписките игри. Најблиску до златото бил во Лондон во 2012 година кога Енди Мари го порази во финалето.

Инаку тој има златен олимписки медал но во дубл, заедно со Стен Вавринка од ОИ во Пекинг.

„Морам напорно да тренирам и да се подготвувам за Токио. Кога ќе пристигнам таму златниот медал ќе ми биде во мислите, поради тоа и одам во Јапонија. Сакам да ја искористам можноста. Одлично е чувството секогаш кога ќе освоиш титула, но Ои се нешто посебно“, рекол Федерер.

Турнирот во тенис на ОИ во Токио ќе се одржи од 25 јули до 2 август.

Scroll to Top