Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ниту во 40-тата година од животот не отстапува од професионалниот тенис. Иако голем дел од неговите фанови сметаа дека тој ја заврши кариерата, дојде потврда дека на тенискиот турнир во март годинава Швајцарецот ќе настапи во Доха.
Федерер требаше да заигра и на Австралија опен, но го откажа својот настап поради двонеделниот карантин пред турнирот.
Досега во кариерата има освоено 103 турнири, од нив 20 грен слема, а приоритет, како што вели, му се Вимблдон и Олимписките игри во Токио.
Турнирот во Доха започнува на 8. март, а таму Федерер ќе настапи по пауза од 13 месеци поради повредата на десното колено.
It's official ?@rogerfederer returns to action in Doha! pic.twitter.com/pQStrl2Blg
— Tennis TV (@TennisTV) February 2, 2021