Top Sport

Федерер повторно е подобар од Чилиќ

Во реприза од финалето на Вимблдон, Роџер Федерер го совлада Хрватот Марин Чилиќ со 6:7(5)/6:4/6:1 за со совршен 3-0 скор да го освои првото место во својата група на АТП финалето во Лондон.

Федерер веќе го имаше обезбедено пласманот во полуфинале пред мечот, додека Чилиќ беше елиминиран по двата порази. Но, 19-кратниот гренд слем шампион го загуби првиот сет откако пропушти четири брејк-шанси, по што покажа малку нервоза на теренот.

Чилиќ се обидуваше да стане само петтиот тенисер кој го победил Швајцарецот оваа сезона, но накрајот немаше доволно сили да стигне до утешна победа во Лондон. Од друга страна, Федерер си ги зголеми шансите на почетокот на 2018 да го преземе првото место на АТП листата од Роџер Федерер. Непоразената низа на АТП финалето вреди 500 поени повеќе од титулата, и доколку Швајцарецот победи во Лондон ќе ја намали разликата на Надал на само 140 поени.

Одлучувачкиот меч за второто полуфинално место од групата „Борис Бекер“ се игра вечерва, кога се среќаваат Германецот Александеер Зверев и Американецот Џек Сок. Во другата група „Пит Сампрас“, Бугаринот Григор Димитров е сигурен во полуфиналето, додека за второто место утре попладне (15.00 часот) играат Австриецот Доминик Тим и Белгиецот Давид Гофан.

Scroll to Top