Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се уште не знае кога ќе ја заврши кариерата, но јасно е дека размислува за пензионирање. Легендарниот тенисер на 8 август ќе наполни 39 години, тој поради операцијата, а потоа и коронавирусот го пропушти најголемиот дел од сезоната.
„Се ближи крајот на мојата кариера, тенисот многу ќе ми недостига. Секако, би било полесно веднаш да се објави крајот, но не – и понатаму сакам себеси да си овозможам да уживам во играта“, рекол Федерер во интервјуто за „Зеит“.
Роџер во моментов се наоѓа на четвртото место на АТП листата, а во 2020 година одиграл само шест мечеви и забележал пет победи.
Федерер е тенисерот со најмногу грен слем титули во историјата на тенисот. Последната од 20 грен слем титули ја освои во 2018 година на Австралија опен.