Top Sport

Федерер се мачеше против Баутиста-Агут

Роџер Федерер избори пласман во четврт-финалето на мастерсот во Шангај. Федерер вложи многу труд за да го победи Роберти Баутиста-Агут 6:3, 2:6, 6:4. Претходно, пласман меѓу најдобрите осум избори и Новак Ѓоковиќ кој славеше над Марко Чекинато 6:4, 6:0.

Федерер се мачеше против Агут, а мечот беше решен во деветтиот гем од третиот сет кога Швајцарецот успеа да направи брејк.

Швајцарскиот тенисер ја забележа осмата победа во дуелите со Агут, за кого утешно може да биде што прв пат освои сет против Федерер.

Федерер во четврт-финалето ќе игра против Кеи Нишикори. Јапонецот во осмина-финалето го победи Сем Квери 7:6, 6:4.

Ѓоковиќ против Чекинато одигра нервозен прв сет, кој го реши со 6:4, за потоа да го декласира противникот во вториот сет, во кој Италијанецот не успеа да освои ниту еден гем. Србинот му се реваншира на Чекинато за поразот во четврт-финалето на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ за пласман во полу-финалето ќе игра против Кевин Андерсон. Тенисерот од Јужна Африка го победи талентираниот Стефанос Циципас со 7:6, 6:4.

Scroll to Top