Top Sport

Федерер: Се мислам, дали сум луд што играм турнири и на 41 години!?

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер има 41 година и се уште не планира да се пензионира. Како што и самиот вели, понекогаш се прашува дали е луд поради тоа. Иако Швајцарецот не игра баш многу во последно време, најчесто поради повреди, тој не размислува за повлекување, сака да продолжи со тенисот.

„Си помислувам, дали сум луд на 41 година се уште да играм на турнири затоа што не можам да престанам“ вели тој.
Сепак свесен е дека е во години кога болките нема да поминат преку ноќ.

„Се надевам дека ќе ме паметите како обичен, опуштен и добар тенисер. А што се однесува до тоа како ќе ме гледате како личност, се надевам дека за некого ќе послужам како пример, дури и кога сте успешни, луѓето треба да ги третирате достоинствено и со почит“ – вели швајцарскиот ас.

Scroll to Top