Top Sport

Федерер: Секогаш е супер да се забавуваш со Вавринка

Роџер Федерер признава дека ужива во целата „процедура“ на тенискиот живот на АТП турнејата – низата патувања, тренинзи и настапи, но вели дека сака да се опушти и надвор од тениските терени.

19-кратниот гренд слем шампион беше запрашан од страна на „Коп цајтунг“ каде најмногу сака да се забавува и со кој од тенисерите.

„Секогаш е забавно со Стен Вавринка. Или со мојот тренер Севе Лути. Кога е подготвен, тој оди до крај. Не можам да судам дали некој од другите тенисери е луд по забави. Повеќе се среќавам со нив на тениските терени отколку во дискотеки“, вели 36-годишниот Федерер.

Швајцарецот исто така признава дека имал „чуден мамурлак“ откако го освои САД опен во 2005 година, кога го победи Андре Агаси во финалето.

„По победата на УС опен имав навистина проблем да се соземам. Не беше воопшто смешно. Дури во четврток се чувствував нормално“, додава Федерер.

Scroll to Top