Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер (37) по 4 години се враќа на Ролан Гарос. Швајцарецот упорно го избегнуваше турнирот кој се игра на земјена подлога, но оваа година го потврди неговиот настап. Како загревање за Париз, претходно играше на Мастерсите во Мадрид и во Рим.
„Што ме натера да се вратам? Тоа е љубовта кон играта. Сакам кога сум на теренот и ми недостасуваа навивачите. Се надевам дека ќе остварам неколку победи, се зависи од жребот, тешко е да се зборува однапред“ – рече тенисерот кој на вториот сезонски гренд-слем последен пат триумфирал пред 10 години, а има изгубено 4 финалиња.
Федерер е најтрофејниот тенисер на сите времиња, па откако беше прашан дали е ова неговиот последен настап во Париз, соломонски одговори:
„Секој турнир би можело да ми биде последен. Тоа не е исклучено. Меѓутоа ова доаѓање не го гледам како мое збогување, сакам да играм, тоа не се променило“.