Осумкратниот шампион од Свис опен во Базел, Роџер Федерер се мачеше да го најде ритамот во првиот сет, но на крајот стигна до 6:3/7:5 победа над Германецот Јан-Ленард Штруф по час и 7 минути игра за пласман во четврт-финалето на домашниот турнир.
Ова е победа број 68. во „Санкт Јакобсхале“ за Федерер и 17. победа во низа во неговиот домашен град.
Штруф направи брејк на стартот на првиот сет за 3:1 водство, но Федерер тогаш се разбуди и врати со два брејка за да го освои сетот Во вториот сет немаше брејк во првите 11 гемови, пред Федерер да ја искористи својата шанса за 6:5 водство. Следен за Федерер е или Французинот Жил Симон или минатонеделниот финалист од Стокхолм, Ернестс Гулбис.
Фото: ЕПА