Top Sport

Федерер со 17 победи во низа во родниот град за пласман во четврт-финале

Осумкратниот шампион од Свис опен во Базел, Роџер Федерер се мачеше да го најде ритамот во првиот сет, но на крајот стигна до 6:3/7:5 победа над Германецот Јан-Ленард Штруф по час и 7 минути игра за пласман во четврт-финалето  на домашниот турнир.

Ова е победа број 68. во „Санкт Јакобсхале“ за Федерер и 17. победа во низа во неговиот домашен град.

Штруф направи брејк на стартот на првиот сет за 3:1 водство, но Федерер тогаш се разбуди и врати со два брејка за да го освои сетот Во вториот сет немаше брејк во првите 11 гемови, пред Федерер да ја искористи својата шанса за 6:5 водство. Следен за Федерер е или Французинот Жил Симон или минатонеделниот финалист од Стокхолм, Ернестс Гулбис.

Фото: ЕПА

Scroll to Top