Top Sport

Федерер: Треба да сум на 800-та позиција во светот, а не на 8-ма!

По долгата пауза, Роџер Федерер се враќа на тенисот и ќе игра во татковината, на тенискиот турнир во Женева.

Иако долг период е надвор од терените поради повреда на коленото, за многумина најдобриот тенисер на сите времиња во Женева ќе е прв носител. Тоа се случува затоа што АТП одлучи поради пандемијата на коронавирусот да го замрзне бодувањето.

Швајцарецот е реален – смета дека не го заслужи високиот пласман.

„Не мислам дека долгата пауза ми помогна. Денес сите се подготвени и играат одличен тенис. Единствената работа која ми одеше во прилог периодов е ранкингот на АТП листата, но, искрено, тоа и не е толку важно. Точно е дека требаше да сум 800-ти во светот, а не 8-ми. Добро е се уште да си носител, но тоа не ми менува многу. Ако не сум 100% подготвен поради колената, тогаш не можам да издржам, но ако сум 1005 подготвен, тогаш сигурно сум подобар од тоа 800. Место во светот. Сега останува да видам како ќе изгледаат следните 2 месеци“ рече Федерер.

Scroll to Top