Top Sport

Федерер: Жена, мајка, сестра, ќерки… Опкружен сум со жени!

Роџер Федерер подолго време е поборник на исти наградни фондови за тенисерите и тенисерките, и во интервју за „Тајмс“ открива дека жените се голем дел од неговиот живот и дека мора да ги смета за еднакви.

„Јас сум опкружен со жени. Имам две ќерки, близок сум со мојата мајка, ја сакам мојата сопруга, а имам и сестра. Ако некој каже дека јас сум против жените ќе згреши. Моите жени се најважните луѓе во мојот живот“, вели Федерер.

Во исто време, Федерер вели дека му е јасно зошто некои турнири нудат на мажите повеќе пари отколку на жените.

„Во една реченица, оправдано е поради приходите кои ги прават. Тенисерите заработуваат 8 отсто од заработувачката на турнирите. Не велам дека 2 милиони фунти за шампионот е малку, но тој во првото коло на квалификациите заработува неколку илјади, дали и толку.  Мораме да обезбедиме понискорангираните тенисер да преживеат. Би сакал гренд слем турнирите да учествуваат во пензискиот фонд на тенисерите, кои нема да имаат што да прават по крајот на кариерата“, додава Федерер.

Scroll to Top