Top Sport

Федор за „маките“ на својот брат: За мене, тој денеска е мртов

Руската ММА легенда, Федор Емелианенко се послужи со Библијата да ја опише својата надеж дека неговиот контроверзен брат Александер ќе го пронајде вистинскиот пат од темнината и ќе се „врати во живот“.

Александер Емелианенко има 16-годишна кариера како професионален борец, но во последните години е на насловните поради своите криминални дејствија. Во 2015 година тој беше осуден за силување на својата домашна помошничка, за што доби четири и пол години затвор. По излегувањето од затворот тој вети дека ќе се врати на „вистински пат“, пред во март 2019 да биде уапсен за возење под дејство на алкохол откако во својот златен Мерцедес удри два автомобили во руското одморалиште Кисловодск.

Се очекуваше тој да потпише за Бер накл ФЦ, американската федерација за мечеви без ракавици, но проблемите со добивањето на виза го уништија тој договор. Неговиот постар брат Федор му прати порака за „враќање кон семејството“.

„Се молам дека Александар ќе се пронајде. За мене, денеска тој е мртов. Таткото имал два сина, и еден од нив побарал дел од неговиот имот и си заминал таму со курви и дури кога почнал да гладува се свестил. Се вратил дома, се потсетил дека бил сакан и очекуван. Кога стигнал дома, и неговиот татко се сожалил и организирал голема прослава и заклал теле. Најстариот син бил вознемирен и кажал дека работел со својот татко толку години и тој не му дал ништо. Таткото одговорил: ’Треба да сме среќни што твојот брат беше мртов и се врати, исчезна и беше пронајден’. За мене, денеска, Александер е мртов. Тој е исчезнат. Но, се молам дека ќе се врати во живот и ќе биде пронајден. Прво, треба да се извини на тие кои ги силуваше, навредуваше, напаѓаше и ги измами за пари. Да му помогнам? Знаете колку време му помагам. Сега најдоброто е да се остави на мир“, вели Федор.

Инаку, самиот Федор во неделата во Јапонија ја заврши својата кариера со нокаут над својот стар ривал Квинтон „Ремпиџ“ Џексон на Белатор 237. Двете легенди се судрија во заедничкиот Белатор-Ризин дуел на крајот на годината во Саитама и 43-годишниот Федор, кој ја направи кариерата во Јапонија, го собори Џексон по само три минути.

Scroll to Top