Мануел Фелер од Австрија победи на трката во слалом која се одржа во Флахау. До првиот триумф во кариерата, Австриецот, дојде со вкупно време од 1:50.27 минути.
Фелер, зад себе ги остави Клеман Ноел од Фрнација (+0.43) и Марко Шварц (+0.70). Вториот од првата трка Себастијан Фос-Солеваг не успеа во втората трка и на крајот го освои четвртото место (+0.81).
Со оваа победа, Фелер, се искачи на првото место во поредокот во слалом. Австриецот има 310 поени, само еден повеќе од Шварц, додека трет со 278 поени е Линус Штрасер.
Во вкупниот пласман лидер е Алекси Пантиро со 747 поени, а втор е бранителот на титулата Александер Омот Килде со 560.