Шпанскиот ветеран Фелисијано Лопез и хрватскиот тенисер Борна Чориќ се првите што ја минаа воведната рунда на Мастерсот во Париз, кој во понеделникот започна во „Берси“. Лопез во неверојатен меч го победи финалистот на овој Мастерс од 2017 година, Филип Крајиновиќ.
Фелисијано Лопез за 85 минути игра го победи Крајиновиќ со 7/6, 6/1. Победникот го реши првиот сет кој траеше 61 минута. Крајиновиќ водеше 3:0, Лопез се врати во мечот, а првиот сет беше решен во тај-брејкот.
Таму Крајиновиќ, испушти предност од 5:0, вкупно во 13 игра не реализираше седум сет топки. Тај-брејкот, Лопез го доби со 13:11. Откако го загуби првиот сет, играта на Крајиновиќ се распадна, во вториот сет успеа да освои само еден гем.
Со исте резултат 7/6, 6/1, Борна Чориќ го победи Мартон Фучович од Унгарија. Првиот сет во мечот кој траеше еден час и 48 минути, Чориќ го доби со 7:5 во тај-брејкот. Во вториот сет се водеше голема борба, иако се одиграа само седум гема тој траеше 48 минути. Во овој сет Фуркач не ги користеше своите шанси, за разлика од Чориќ.