Шпанскиот тениски ветеран Давид Ферер по 18 години на професионалната турнеја во која ги покажа своите квалитети како тенисер и човек, најави дека САД опен му е последниот гренд слем во кариерата, по што ќе се збогува од светот на тенисот во Мадрид или Барселона следната година.
„Секако дека сум среќен со одлуката и со мојата кариера. Го сакам тенисот и тој ми даде толку многу“, вели Ферер.
Ферер имаше 50 последователни настапи на гренд слем турнирите пред да се повлече од Вимблдон во 2015 година поради повреда на лактот. Тој во моментов е на 69. на АТП турнејата, а во кариерата заработи над 31 милиони долари освојувајќи 27 титули и три трофеи од Дејвис купот со Шпанија.