Top Sport

Фереро: Алкараз знае како да го победи Ѓоковиќ

Хуан Карлос Фереро, поранешниот светски број 1 кој сега е тренер на светскиот број 1, Карлос Алкараз смета дека младиот Шпанец има предност пред утрешното големо полуфинале на Ролан Гарос против 22-кратниот гренд слем шампион Новак Ѓоковиќ. Алкараз призна дека се работи за „финале пред финалето“, а Фереро, кој самиот е ексшампион од Париз, вели дек менталната сила на неговиот пулен е незапирлива.

„Го знаеме Новак многу добро и ќе се обидеме да се подготвиме за сите тактички ситуации во мечот. Но, верувам дека Карлос е апсолутно подготвен, сака да игра, а другите мали детали не можам да ви ги откријам. Знаеме дека Новак ќе го даде својот максимум, на крајот тој е 22-кратен гренд слем шампион. Ќе се бори до последната топка и ќе биде подготвен и очекувам да гледаме неизвесен меч. Двајцата се на своето највисоко ниво“, вели Фереро.

Алкараз го има победено Ѓоковиќ во нивниот единствен меѓусебен меч на Мастерсот во Мадрид минатата година, и во вторникот стигна до апсолутно доминантна победа над Стефанос Циципас и самиот Фереро признава дека бил импресиониран.

„Секогаш сум импресиониран од неговото ниво, го знам тоа веќе речиси пет години. Од тој аспект не бев импресиониран бидејќи го знам неговото ниво“, додава Фереро.

Scroll to Top