Српскиот кошаркар Марко Радоњиќ е доживотно суспендиран од кошарка поради обложување и манипулирање со резултати на спортски настани.
Оваа суспензија се однесува на сите натпревари на ФИБА.
Според сајтот Меридијан спорт, српскиот кошаркар на 23 страници добил образложение за оваа одлука.
За оваа суспензија Радоњиќ дозна во Бугарија каде настапува за балканскиот тим.
Радоњиќ во својата кариера настапуваше за Војводина, Борац од Чачак, Динамик, Нови Пазар, ФМП и Балкан од Ботевград.
А во кариерата настапи и за селекцијата на Србија до 17 години со која го освои петтото место на Светското првенство во 2010 година.