Пекинг ги врши последните за Зимските олимписки игри. Градот ќе влезе во историјата како прв домаќин на Летни и Зимски олимписки игри. Пекинг Летната олимпијада ја организираше во 2008 година. Пробите се финализираат за свеченото отворање во петок, 4.февруари, на Националниот стадион во Пекинг, „Птичјо гнездо“.
На овој стадион, на 20.февруари, ќе бидат затворени 24. Зимски олимписки игри, кога олимпиското знаме ќе им биде доставено на градоначалниците на италијанските градови Милано и Кортина Д’Ампецо, кои ќе бидат домаќини на ЗОИ во 2026 година.
Церемонијата, која како и пред 14 години ја режираше големиот кинески режисер Џанг Јиму, ќе ја отвори Грција, колевката на Олимписките игри, а потоа Турција, Малта и Мадагаскар. Редоследот е даден по азбуката на мандарински кинески. Според тоа, земјата домаќин е последната, Кина.
Во главниот град на Кина пристигнуваат делегации од целиот свет. Сите места на игрите се меурчиња заштитени од надворешни контакти, а особено олимпиското село каде веќе пристигна дел од холандскиот тим. Холанѓаните го искажаа своето задоволство од просториите и зградите.
Во Пекинг, комплексот ќе биде домаќин на околу 1.000 спортисти и тимски персонал од 44 земји. Во мензата ќе се нудат над 600 различни јадења со некои специјалитети поврзани со кинеската Нова година.
Најголемо внимание беше посветено на мерките против Ковид-19 со проверки веќе на аеродромот, постојани контроли и ограничување на контактите на спортистите надвор од олимпиското село и местата за натпреварување.
Топспорт во соработка со ЦМГ Европа ( China Media Group Europe).