Top Sport

Фјури: Бев алкохоличар, знаев дека сум дебел гад, ама морав да почнам се од почеток!

Британскиот боксер Тајсон Фјури признава дека имал фази во животот во кои бил во депресија. Открива дека размислувал дури и за самоубиство, па им се препуштил на алкохолот и дрогата. Сепак, „Кралот на циганите“ успеал да ги совлада менталните проблеми и сега се подготвува за третата борба против Дионтеј Вајлдер.

Во гостувањето на Фјури на „MMA Hour” тој му дава совети на својот ривал.

„Прифаќањето е тешка работа затоа што никој не сака да ја прифати вистината. Кога бев алкохоличар, не сакав да слушнам како ми зборуваат дека сум токму тоа. Не сакав да слушам ниту дека сум дебел гад, а знаев дека сум дебел гад. Свесен бев за својата зависност од алкохолот, но не сакав тоа да ми излезе на нос. Во оној момент кога прифатив дека морам да побарам помош, тоа е моментот кога почнав се од почеток. Ако се земе предвид што слушам од овој идиот (Вајлдер) мислам дека тој се уште не го прифатил она што му се случи. Доколку не го прифатите поразот, никогаш нема да се опоравите за пак да се подигнете“ вели Фјури.

Британецот се надева дека оваа негова изјава ќе влијае неговиот противник да се помири со вистината, наместо постојано да води инает.

Scroll to Top