Top Sport

Фјури брутално кон Усик по откажаниот меч

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури го нарече Олександер Усик „кукавица“ во експлозивна видео порака на социјалните мрежи откако вајцата боксери не успеаја да се договорат за меч за обединување на титулите на 29 април.

Иако Усик се согласи на 70-30 поделба на парите во корист на Британецот, до договор не се дојде, и Украинецот го прекина својот тренинг-камп и најави дека ќе бара нов противник. Фјури, кого многумина го обвинуваа дека не сака да се договори ваков меч, беше фуриозен на Инстаграм

„Го доби твојот римеч и не сакаше воопшто да се бориш. Ти никогаш не беше доволен маж за да влезеш во рингот со Џипси Кинг. Цела недела бегаш од договор, молиш за римеч. Се согласивме и на тоа, но не ти беше доволно. Кукавицо“, вели Фјури.

Се очекува ВБА федерацијата сега да нареди меч помеѓу Усик и Даниел Дубоа.

Scroll to Top