Top Sport

Фјури и Вајлдер ја почнаа „тепачката“ предвреме (видео)

Каква би била таа промоција за меч за титула во тешка категорија без малку „искри“ меѓу двајцата боксери пред мечот? Точно тоа што беше потребно го направија ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер и британскиот предизвикувач Тајсон Фјури на последниот прес и соочување пред нивниот меч во Лос Анџелес.

Фјури се соблече гол до појас во обид да покаже дека е во добра физичка форма, и по низа навреди (кои можете да ги слушнете на видеото), се случи турканица и мал хаос во „Стејплс центарот“.

Момци, почекајте да влезете во рингот, тогаш дајте ја целата ваша „сила“.

Scroll to Top