Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури доби дозвола повторно да боксува откако Британскиот боксерски контролен борд (БББЦ) ја крена неговата суспензија и сега е потребно само да помине медицински тест за да може да боксува повторно.
29-годишниот Фјури ја загуби лиценцата во 2016 година по признанијата дека има проблеми со депресијата и затоа користел кокаин, откако нема боксувано по победата над Владимир Кличко во ноември 2015 година.
Фјури минатиот месец се договори со Британската анти-допинг агенција (УКАД) да добие двегодишна суспензија за користењето кокаин, но таа се сметаше од 2015 така што воопшто нема пречки тој да боксува.