Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури се подготвува за својот кам-бек во боксерскиот ринг по двегодишно отсуство и последната најава вели дека би сакал да влезе во рингот со ветеранот Шенон Бригс.
По шокантната победа над Владимир Кличко во 2015 година, Фјури имаше низа проблеми со менталното здравје, призна дека користел кокаин по што ја загуби боксерската лиценца и „стави“ доста килограми.
@TheCannonBriggs this is for you, I’m gonna send u a contract sign for the fight.???? pic.twitter.com/HsYKu7OZgp
— TYSON2FASTFURY (@Tyson_Fury) February 2, 2018
Но, тој постојано дава вести за своите подготовки, и сега бара противник за 2018 година, праќајќи му порака на Шенон „Кенон“ Бригс.
46-годишниот Бригс, славен по мечевите со Ленокс Луис, беше носител на ВБО титулата од 2006 до 2007 година, и слично како „Џипси Кинг“ Фјури е познат по своите „блескави“ прес-конференции, како кога го „бркаше“ Виталиј Кличко со моторен чамец и кога му „влета“ на ручек во ресторан.