Top Sport

Фјури му се јавува на Џошуа на телефон и му вели: Ќе те нокаутирам!

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа открива дека неговиот британски ривал, Тајсон Фјури постојано му се јавува и му кажува дека ќе го нокаутира.

Џошуа, кој ќе се обиде да ги врати појасите во тешка категорија во ри-мечот со Енди Руиз Јуниор во декември, вели дека Фјури неколку пати му се јавува со едноставна порака.

„Тој е интересен лик. Тајсон ќе ми се јави и ќе ми се насмее и ќе ми каже дека ќе ме нокаутира. Ми вели: ’Затвори ја муцката или ќе те нокаутирам. Но, мислам дека се почитуваме, иако се големи борци“, вели Џошуа.

Фјури и Џошуа засега се немаат сретнато во рингот, но Џошуа вели дека би сакал таков меч.

„Тој почна на 12 години, јас на 18 години, така што би сакал да се сретнеме во рингот, бидејќи тоа ни е животот. Еден ден“, вели Џошуа.

Scroll to Top