Top Sport

Фјури: На 14.август ќе го претепам Џошуа

Британскиот боксер, Тајсон Фјури, објави дека неговата борба со сонародникот Ентони Џошуа ќе се одржи на 14.август. Претходно тимовите на боксерите се договорија борбата за титулата во тешка категорија да се одржи во Саудиска Арабија.

Победникот ќе стане апсолутен шампион во тешка категорија. Џошуа (31) е шампион во верзиите на ВБО, ВБА и ИБФ, а Фјури (32) го има појасот во верзијата ВБЦ.

„Не можам да дочекам да го растурам Џошуа во најголемата борба на сите времиња. Ова ќе биде најголемиот настан во историјата на планетата Земја. Немојте да го пропуштите“, рекол Фјури во видеото објавено на Твитер.

Последен пат апсолутен шампион во тешка категорија бил Ленокс Луис од 1999 до 2000 година.

Scroll to Top