Top Sport

Фјури нема лиценца во САД, неизвесна пресметката со Вајлдер

Мечот на поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури против Американецот Дионтеј Вајлдер е неизвесен откако  промотерот Френк Ворен призна дека Британецот уште нема извадено лиценца за боксување во САД

Фјури го објави дуелот со „Бронзениот бомбардер“ по неговата победа над Франческо Пјанета во Лондон, но бидејќи предвидениот меч треба да се случи во Лас Вегас или Њујорк, на Британецот му е потребна и американска лиценца.

Во Невада на пример потребни се околу седум месеци да се добие боксерска лиценца, а британскиот таблоид „Сан“ вели дека Фјури се „предомислува“ околу тоа дали воопшто треба да влезе во рингот, бидејќи не е доволно подготвен.

30-годишниот Фјури ги победи Сефер Сефери и Пјанета лесно, но Вајлдер, носителот на ВБЦ појасот во тешка категорија има 40-0 скор и е еден од најопасните специјалисти за нокаут во тешката категорија.

Scroll to Top