Top Sport

Фјури се враќа во декември

Светскиот првак во тешка категорија, Тајсон Фјури, преку видео-порака на јавноста и соопшти кога ќе биде неговата следна борба.

„Објаввам дека дефинитивно ќе се борам на 5.декември. Наскоро ќе го објавиме и името на противникот. Се уште преговараме со потенцијалните противници“, рекол Фјури.

Неодамна еден од промоторите на Фјури, објавил дека постојат пет кандидати да влезат во рингот со светскиот првак. Според медиумите, во овој момент во преден план е само едно име.

Станува збор за непоразениот Германец, Агит Кабајел. Тој во професионалната кариера забележал 20 победи. Помалку шанси да влезе во рингот со Фјури му се даваат на Карлос Такам.

Тој неодамна наполни 39 години, а во кариерата има само еден пораз и 39 победи во 45 борби.

Фјури, последен пат боксувал во февруари, кога против Дионтеј Вајлдер ја освои титулата во ВБЦ-верзијата.

Scroll to Top