Тајсон Фјури, на крајот може да ја комплетира трилогијата мечеви со Дионтеј Вајлдер на почетокот на 2021 година, откако „Џипси кинг“ се откажа од меч на 5 декември во Лондон против Агит Кабајел, а неговите менаџери потврдија дека неговиот следен меч ќе биде во САД.
Вајлдер останува на тврдењето дека има договор за трет меч, и Фјури ќе мора да докаже на суд дека овој договор не е валиден, така што поедноставно ќе му биде уште еднаш да го победи Американецот. Фјури веќе се договори за два меча со Ентони Џошуа следната година за обединување на титулите во тешка категорија, но Џошуа прво ќе мора да го помине Кубрат Пулев на 12 декември.
Откако загуби во претходниот меч, Вајлдер го обвинуваше Фјури за „местенка“, го отпушти својот тренер, но постојано тврдеше дека Фјури му е должен римеч.