Top Sport

Фјури: Светот знае дека јас победив

Британскиот боксер Тајсон Фјури тешко го прифатил поразот од Дионте Вајлдер. Борбата за шампионскиот појас во ВБЦ верзијата, со одлука на судиите, заврши нерешено, поради што титулата остана кај Вајлдер.

Фјури, според многумина бил подобар, но моментот во 12.рунда, кога тој заврши на подот, пресудил мечот да заврши без победник.

„Јас сум она што се нарекува професионален боксер. Не познавам никого во светот што се движи на начин на кој тоа го правам јас. Овој човек (Вјлдер) удира добро, но јас успева да ги избегнам неговите удари. Да се разбереме, не сама ништо да му одземам, тој е голем шампион и човек и јас му благодарам за оваа борба, но светот ја знае вистината. Мисламд ека јас победив. Мислам дека требаше да го однесам дома шампионскиот пораз“, изјавил за „БТ Спорт“, Фјури.

Британецот на овој меч два пати беше во нокдаун, тоа пресуди мечот да заврши нерешено. По мечот Британецот покажа дека е голем шуомен.

„Јас два пати бев во нокаут, но и понатаму мислам дека победив. Одев во Германија да се борам со Кличко и во САД да се борам со Вајлдер. Господ нека ја благослови Америка. Џипси Кинг се врати“, дополнил Фјури.

https://twitter.com/ClassicBoxing/status/1069115801565835264

Scroll to Top